На каков начин Бојан Христовски станал асистент на Факултетот за безбедност, праша Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче даде свој коментар на вчерашните случување на Комисијата за надзор на работата на АНБ, истакнувајќи дека и ВМРО-ДПМНЕ самите се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ.

„Вчерашната седница на Комисијата има две битни димензии, првата работа е дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека незаконски поставиле директор на АНБ и затоа така и се однесуваа вчера, односно ако немаа што да скријат Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања. Политизација на безбедносните структури е нешто што го имаше и во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ рече тој.

Филипче упати и прашање до јавноста, односно до Бојан Христовски за неговата академска кариера.

„Очекуваме ОЈО да го расчисти овој случај и истовремено поставуваме прашање: Во која постапка и на кој начин со кои документи Бојан Христовски е избран за асистент на Факултетот за безбедност?“ праша Филипче.

Back to top button
Close