На кеј денеска хуманитарна трка за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка за собирање донации за Онколошкото одделение на Клиниката за детски болести ќе се одржи денеска на кејот на Вардар во Скопје. Учесниците ќе трчат на патека долга 1,5 километар, а стартот ќе биде пред хотелот „Парк“ во 10 часот. На трката може да се пријават сите заинтересирани лица постари од 13 години, како и помлади лица во придружба на возрасен придружник. Котизацијата за трката е 200 денари и се плаќа на самото место, пред почетокот на трката.

За првите тројца што ќе ја завршат трката предвидени се подароци, а сите учесници по завршувањето на трката ќе добијат освежување, свежо овошје и здрава енергетска храна. Сите средства собрани од котизацијата за трката ќе се донираат на Детската клиника. Трката наречена „Трчај за надеж“ ја организираат ученичките од Меѓународното училиште НОВА, Јована Крстевска и Ева Неделковска преку училишниот клуб „Искра надеж“ што го основале и чија цел е собирање на донации за маргинализирани групи преку различни видови на интерактивни настани

Back to top button
Close