На Кипар се тестираат 10.000 лица за Ковид-19, од бизнисите што почнаа со работа

Министерството за здравство на Кипар почна нова програма за тестирање на 10.000 вработени, кои имаат директен контакт со клиентите од бизнисите што почнаа со работа во втората и третата фаза од укинувањето на рестриктивните мерки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретната група се вклучени вработените во библиотеките, музеите и археолошките локалитети, во моловите и трговските центри, во хотелите и туристичките објекти, во фитнес центрите, како и во угостителските објекти во внатрешниот дел, кои имаат можност сами да се пријават.

Досега во рамките на програмата направени се 337 анализи, а закажани се 1.022 термини за тестирање.

Back to top button
Close