„НА КРИЛЈАТА НА САМОВИЛСКОТО КОЊЧЕ“ ОД АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА  ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА НА САЕМ НА КНИГА

 

НА КРИЛЈАТА НА САМОВИЛСКОТО КОЊЧЕ од авторката Александра Велинова е нова петта илустрирана книга за деца која ќе биде промовирана во петок во 18 часот во Промотивниот Центар на Саемот на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци ќе драматизираат ученици од основното училиште „Блаже Конески“ од Аеродром во костими од рециклирана хартија.

На 25 страници со соодветни колор илустрации, љубопитниот Алексеј и самовилското коњче преку својата авантура ја запознаваат читателската публика со убавините на Малешевските планини и ретките ендемски видови кои се наоѓаат таму.

Книгата има цел да ја поттикне и развие еколошката свест од најрана возраст и праќа силна еколошка порака: да внимаваме како се однесуваме во природата со животинскиот и растителниот свет, бидејќи сме дел од неа.

Прекрасните колоритни илустрации привлечни за детското око се на илустраторката СЛАВИЦА КУПЕНКОВА, уредник на книгата е Михајло Маказлиев кој е и компјутерски и графички дизајнер, лектурата е на проф. д-р Елизбета Бандиловска, а рецензент е Љубинка Донева.

 

Александра Велинова е новинарка, презентерка и  член на ДПМ.  Има напишано неколку книги за деца  меѓу кои: „Бидејќи сум дете“,Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“. и „Стефан во Дино парк“ .

 

.

Back to top button
Close