Најкусите бракови на светската сцена

Среќниот живот, понекогаш,  трае само – неколку дена. Следат некои од најкратките бракови на светската филмска и музичка сцена…

Ким Кардашиян и Крис Хъмфрис

Ким Кардашијан и Крис Хамфрис

Поранешната американска кошаркарска ѕвезда ѝ беше втор сопруг на старлетата Ким Карашијан. Раскошната телевизиска венчавка се одржа во август 2011 година, а нивниот брак заврши за 72 дена.

Памела Андерсон и Рик Соломон

Првото искуство на олтарот на двојката ѝ беше на 6 октомври 2007 година во Лас Вегас. Разводот дојде по 68 дена. Сепак, парот се смируваше и се разделуваше многупати следните години и повторно се венчаа во јануари 2014 година. Се разведоа по 173 дена.

Дру Баримор и Џереми Томас

Во 1994 година, 19-годишната Дру се омажи за 32-годишниот Џереми. Еден час претходно, во 5 часот наутро, двојката најми свештеник. Дру поднесе барање за развод 39 дена подоцна.

Еди Мъфи и Трейси Едмъндс

Еди Матфи и Трејси Едмундс

Двојката се венча на скромна свеченост на островот Бора Бора. Само три дена по венчавката, двајцата го напуштија островот одделно. И, по 14 дена официјално се разведоа.

Кармен Електра и Денис Родман

Денис Родман успеа да го собори својот личен рекорд од претходниот брак, кој траеше 82 дена. Нешто повеќе од една седмица заеднички живот, НБА-кошаркарот поднел барање за развод, а причината, официјално, била тоа што бил во алкохолизирана состојба за време на венчањето.

Кармен Електра и Денис Родмън

Бритни Спирс и Џејсон Александар

Во јануари 2004 година, американската пејачка се омажи за нејзината љубов од детството – Џејсон Александар, во Лас Вегас. Нивниот брак траеше нешто повеќе од два дена – 55 часа.

Заза Габор и Фелипе де Алба

Мексиканскиот глумец Фелипе де Алба беше сопруг број 8 за некогашната светска филмска ѕвезда. Двојката кажа „да“ на брод на брегот на Мексико. Следниот ден бракот беше поништен.

Back to top button
Close