На ликови како Џејмс Бонд и Кум не им е местото во редовите на МПЦ-ОА, вели професорот Ѓуровски

Ликовите на Џејмс Бонд и Кум ги нема во Библијата, тие се само дел во криминалните структури. На нив местото не им е во редовите на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија. Ова денеска го изјави професорот по безбедност Марјан Ѓуровски на дебатата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“ која се одржа на Филозофскиот факултетет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, зборувајќи за улогата на МПЦ-ОА и нејзината автокефалност.

Фото: Принтскрин

Ѓуровски предупреди дека признавањето на МПЦ-ОА претставува безбедносен ризик, но и дека сериозно треба да се сфати ова прашање, со цел да не биде спротивно на националните и стратешките интереси на државата и граѓаните.

„Признавањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија Јустинијана Прима од страна на Вселенската патријаршија ако вака се води со дијалог со дезинформации и со контактите кои продолжуваат со лица кои се прогласени за персона нон грата и се соработници на руската разознавачка служба, а наши високи црковни лица тие контакти ги продолжуваат надвор од македонската граница и дозволуваат дел од нив да се движат низ нашите цкрви. Навистина, за жал, признавањето на МПЦ-ОА претставува безбедносен ризик“,рече тој.

Според него, соработници на незападните разунавачки служби носат одлуки во МПЦ-ОА, а тоа, како што вели е констатирано според докази и сознанија на службите на земјите членки на НАТО, но и до безбедносните структури на нашата држава, со што посочи дека тоа носи опасност по целосното затварање на црковното прашање.

Професорот на Филозофскиот факултет, Ѓуровски смета дека во Македонија има намерно пласирање лажни вести и дезинформации околу името на МПЦ-ОА,  со цел да се поттикне поделба на раскол, внатре во црквата и политички поделби.

„Духот излезен од шишето на етнонационализмот и поделбите може да направи дополнителни политички проблеми особено во предизборниот период. Прашањето за името намерно се поттикнува како дилема за содавање национални поделби. Ако Охридската Архиепископија е бришење на националниот идентитет, дали во Пакистан и кај Хунзите треба да го бараме својот идентитет“,вели професорот.

Решение на оваа ситуација гледа во зголемувањето на јавните настапи на Светиот архиерејски синод, а предупредувањата од НАТО да се сфатат сериозно.

„МПЦ-ОА припаѓа на сите нас. За жал, сведоци сме на обид за нејзина приватизација. За суштински прашања во Синодот на МПЦ-ОА одлучуваат еден или двајца владици“,вели Ѓуровски.

Ѓуровски предупредува дека патот за добивање на Томосот, црквата треба внимателно да го изоди, а граѓаните да не бидат подложни на поделби.

Back to top button
Close