Најмалку 10 пациенти загинаа во пожар во ковид одделение на болница во западна Индија

Најмалку 10 лица загинаа , а неколку други се повредени, во пожар што го зафати одделението за интензивна нега во државната болница во западниот индиски град Ахмеднагар, соопшти претставник на Министерството за здравство.

Пожарот избувна во одделението за Ковид-19 во болница во западната индиска држава Махараштра, соопштија официјални лица.

Официјален претставник за телевизијата во Њу Делхи изјави дека околу 17 пациенти биле на одделението за интензивна нега кога избувнал пожарот.

-Останатите пациенти се префрлени на одделението за Ковид-19 во друга болница, изјави  окружниот инспектор Раџендра Босле.

Иако пожарот е веќе локализиран, причината се уште не е јасна, додаде тој, велејќи дека полицајците ќе истражуваат.

Поранешниот државен секретар за здравство, Девендра Фаднавис, на Твитер изрази сочувство и повика на „строга акција“ против одговорните.

Инцидентот е последен во серијата вакви пожари, од кои некои се должат на кратки врски во електричната мрежа во кои само годинава загинаа десетици пациенти, вклучувајќи ја и најбогатата држава Махараштра, каде што се наоѓа Ахмеднагар.

Back to top button
Close