Најмалку 11 лица загинаа при нападот во Џалалабад (ДПЛ)

 Најмалку 11 лица загинаа, а 42 се повредени во вчерашниот напад во Џалалабад, источен Авганистан, за кој одговорноста презеде Исламска држава.

Нападот почна откако бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба удри во вратата на затворскиот комплекс во Џалалабад, а потоа голем број вооружени напаѓачи отвроија оган врз припадниците на авганистанските безбедносни сили. Голем број осуденици избегаа од затворот.

Судирите помеѓу полицијата и екстремистите продолжиле и во текот на ноќта.

Нападот уследи еден ден откако Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека безбедносите сили во близина на Џалалабад убија командант на ИД.

Back to top button
Close