Најмалку 129 луѓе загинаа при обид за бегство од затвор во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса
Најмалку 129 луѓе загинаа при обид за бегство од затвор во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса.
Затворениците синоќа се обидоа да побегнат од затворот Макала откако административната зграда и диспанзер беа зафатени од пожар.
Помеѓу загинатите има 29 жртви убиени од огнено оружје по предупредувањата од стражарите. Во инцидентот повредени се 59 лица.
Макала е најголем затвор во ДР Конго со капацитет од 1.500 места, но во објектот има околу 12.000 арестанти, од кои поголемиот број чека судење.