Најмалку 13 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во западна Кенија
Најмалку 13 лица го загубија животот денеска во лизгање на земјиште во западна Кенија, предизвикано од поројните дождови, соопшти локалната полиција.

„Деветнаесет лица се спасени, а непознат број сè уште се водат како исчезнати“, изјави командантот на полицијата во округот Елгејо-Мараквет, Питер Мулинге.
Кенискиот министер за внатрешни работи Кипчумба Муркомен изјави дека се распоредени воени и полициски хеликоптери за да помогнат во спасувачките акции.






