Најмалку 16 загинати во поплавите во Индонезија, стотици евакуирани

Најмалку 16 лица загинаа, а стотици се раселени од нивните домови, во свлечиштата и поплавите што го зафатија индонезискиот остров Сулавеси, соопштија официјални лица од Агенцијата за ублажување на поседиците од катастрофи.

-Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати лица, откако поплавите ја погодија Северна Лува, округ во провинцијата Јужен Сулавеси, изјави Радита Јати, портпарол на агенцијата.

На снимките од теренот се гледаат оштетени куќи, преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е покриена и со кал и остатоци.

-Се надевам дека ќе не обединат напорите за закрепнување, кажа Нурдин Абдула, гувернер на Јужен Сулавеси за ТВ Компас.

Во изминатите неколку дена силните дождови поплавија три околни реки, предизвикувајќи евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Во Индонезија често пати доаѓа до поплави и свлечишта, особено за време на сезоната на дождови, а и онака тешката состојба се влошува со уништувањето на шумите.

Back to top button
Close