Најмалку 160 повредени во железничка несреќа во Малезија

Вкупно 166 лица се повредени во железничка несреќа во Куала Лумпур, соопшти министерот за транспорт на Малезија.

Според „Малај меил“, два воза, од кои едниот бил празен, се судриле вечерва во 20:33 часот по локално време. Во вториот воз имало 232 лица.

Вкупно 47 лица се сериозно повредени и пренесени во болница.

Back to top button
Close