Најмалку 17 лица загинаа во поплавите во Јемен

 Поплавите што го погодија северниот дел на Јемен загинаа најмалку 17 луѓе, од кои осум се деца.

Според јеменските власти 16 лица се удавиле во надојдената вода, а едно лице починало од удар на гром. Во невремето уништени се неколку десетици домови.

Поплавите во Јемен се чести во овој период од годината.

Земјата која е разорена од војна е погодена и од епидемијата со новиот коронавирус, каде околу 1.700 лица се заразени, од кои починале 499 луѓе, но се претпоставува дека бројките на заразени и починати се многу поголеми.

Околу 80 проценти од околу 24 милионското население на Јемен зависи од хуманитарната помош.

Back to top button
Close