Најмалку 26 авганистански војници загинаа при самоубиствен напад во Газни
Бомбаш-самоубиец денеска уби најмалку 26 војници откако со автомобил полн со експлозив нападна воена база во авганистанската источната покраина Газни.
Во нападот повредени се 17 авганистански војници.
Тоа е еден од најкрвавите напади во изминатите месеци. Во провинцијата Газни чести се судирте помеѓу талибанците и авганистаската армија.