Најмалку 34 луѓе загинаа во две одвоени напада во Авганистан

Во два одвоени самоубиствени бомбашки напада во Авганистан загинаа најмалку 34 луѓе.

Во самоубиствениот напад врз воена база во провинцијата Газни, источен Авганистан загинаа 31 војник, а повредени се 24 откако напаѓачот со автомобил полн со експлозив ја нападна воената база.

Бомбаш-самоубиец нападна конвој на локалните власти од Зубаија, јужен Авганистан, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се 12, меѓу кои има и деца. Претсавникот на локалните власти е полесно повреден.

За сега никој не презеде одговорност за нападит

Back to top button
Close