Најмалку 37 загинати во судар на автобуси во Танзанија
Најмалку 37 лица загинаа, а 30 се повредени во судар на два автобуси во северниот дел на Танзанија, соопштија денеска локалните власти.
Сударот се случил синоќа во областа Сабасаба во регионот Килиманџаро, а автобусите се запалиле при ударот.
Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денеска изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, како и до регионалниот комесар на Килиманџаро, Нурдин Бабу.
Таа повика на построго одржување на безбедноста во сообраќајот, а идентитетот на жртвите сè уште не е утврден.
Во Танзанија смртоносните сообраќајни несреќи сè уште често се случуваат, и покрај бројните владини кампањи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.