Најмалку 40 луѓе загинаа откако армијата на Мјанмар го бомбардираше будистичкиот Фестивал на светлината

 

Армијата на Мјанмар синоќа го бомбардираше будистичкиот Фестивал на светлината, при што загинаа 40 лица, меѓу кои и деца, а повредени се 80 луѓе, соопштија денеска членовите на организацискиот одбор и очевидци.

Невладината организација за човекови права „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) повикувајќи се на очевидци објави дека во нападот загинале од 17 до 20 лица.

Илјадници луѓе синоќа присуствуваа на Фестивалот на светлината во Чаунг У, централен Мјанмар), со кој се означува крајот на будистичкиот пост.

Армијата на Мјанмар тврди дека насобраниот народ протестирал против хунтата.

Back to top button
Close