Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
Во монсунските дождови што ја погодија индиската држава Химачал Прадеш загинаа 51 лице, додека 22 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.
Во разорните поплави и свлечишта уништени се куќи и инфраструктура, а штета е предизвикана и во земјоделството, пренесе индискиот портал Њуз Арена Индија.
Според податоците на Државниот центар за вонредни ситуации, дождовите најмногу ги погодиле окрузите Манди, Кангра и Чамба.