Најмалку 62 загинати во анти-владините протести во Иран, над 2.300 уапсени

Бројот на жртвите во анти-владините протести во Иран се зголеми на најмалку 62 лица, јави американската новинска агенција „Активисти за човекови права“,

Според агенцијата, која и во претходни бранови на насилство за време на протестите во Иран се покажала како точен извор, за време на демонстрациите биле уапсени најмалку 2.300 лица, пренесува БТА.

Иранските власти денеска сигнализираа дека безбедносните сили ќе преземат репресивни мерки против демонстрантите, директно спротивставувајќи се на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој јавно изрази поддршка за мирните протести, откако бројот на загинати достигна најмалку 50 лица.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, ги отфрли изјавите на Трамп, оценувајќи го како човек чии раце се „извалкани со крвта на Иранците“, додека неговите поддржувачи извикуваа „Смрт за Америка!“ на снимки емитувани на иранската државна телевизија.

Подоцна, државните медиуми во Иран повеќепати ги нарекоа демонстрантите „терористи“, што, според набљудувачите, може да претставува подготовка за жестоки мерки, слични на оние преземени по претходните национални протести во последните години.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close