Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Палестинската Цивилна одбрана од Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку десет лица, меѓу кои жени и деца, загинале во израелски воздушен напад врз училиште во градот Џабалија, на северот од енклавата.

(AP Photo/Jehad Alshrafi)

Во зградата на училиштето биле сместени раселени Палестинци.

„Најмалку десет загинати, меѓу кои неколку жени и деца, како и десетици повредени, беа пренесени во болнички установи по израелскиот напад врз училиштето ‘Фатима Бинт Асад’ во градот Џабалија, каде што беа сместени над две илјади раселени лица“, изјави портпаролот на Цивилната одбрана на Газа, Махмуд Басал

Back to top button
Close