Најмалку двајца загинати откако се урна седумкатница во Турција
Седумкатна станбена зграда во северозападниот турски град Гебзе се урна рано утринава, при што загинаа две лица, а тројца се наоѓаат под урнатините, сите петмина од исто семејство, изјави гувернерот на провинцијата Гебзе, Илхами Акташ.

Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, пред новинари изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета.
Гебзе, со околу половина милион жители, се наоѓа на расед каде во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа 18.000 луѓе.
Експертите долго време предупредуваат дека неспроведувањето на градежните прописи претставува ризик во областите на Турција каде што земјотресите се чести.
По загинувањето на две лица поради уривање на четирикатница во градот Коња во јануари, им се суди на сопствениците на продавниците во приземјето на таа зграда, осомничени дека ги урнале носечките столбови за да ги прошират своите дуќани. Ним им се заканува казна до 22 години затвор.






