Најмалку две жртви во несреќата во рудник за злато во Никарагва
Спасувачки екипи извлекоа тела на двајца рудари од рудник за злато во Никарагва, во близина на границата со Костарика, а потрагата продолжува по уште 13 рудари кои се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи извлекоа тела на двајца рудари на возраст од 20 и 28 години, а потрагата продолжува по останатите 10 до 15 рудари кои биле затрупани кога врз нив се урнал свод на тунел во нерегистриран рудник за злато.
Според локалниот функционер Џони Гутјереш, во операцијата за спасување учествуваат селани, војници, полицајци и пожарникари