Најмалку едно лице загина, а петмина се повредени во „терористички напад“ во централен Израел

Еден човек загина, а пет се повредени во наводен терористички напад во централниот дел на Израел, во близина на окупираниот Западен Брег.
Израелската полиција соопшти дека осомничениот напаѓач е „неутрализиран“, без да наведе повеќе информации
Според полицијата напаѓачот отворил оган во три различни реони на централниот дел на Израел.
Хамас го поздрави нападот, но не презеде одговорност.






