Најмалку осум мртви и 400 повредени во протестите во Кенија
Најмалку осум лица го загубија животот денеска во антивладините протести ширум Кенија, соопшти Националната комисија за човекови права на таа држава.
Во протестите се повредени 400 лица, вклучувајќи демонстранти, полицајци и новинари, а некои од нив се здобиле со прострелни рани, пренесуваат агенциите.
Локалните медиуми претходно објавија дека најмалку 10 лица се здобиле со прострелни рани во текот на протестите, додека граѓаните ја одбележуваа годишнината од антивладините демонстрации во јуни минатата година во кои животот го загубија повеќе од 60 луѓе.