Најмалку осуммина загинати во напад врз касарна во Могадишу

– Силна експлозија го потресе Могадишу денеска, кога како што се претпоставува, бомбаш-самоубиец активирал моќна експлозивна направа во напад врз воена база во центарот на главниот град на Сомалија.

Најмалку осум лица загинаа, а 14 се повредени во нападот, соопштија од брзата помош.

– Најверојатно се работи за самоубиствен напад, сега ги транспортираме повредените, изјави градоначалникот на Могадишу, Абдулахи Мохамуд. зш/

Back to top button
Close