(Видео) Најмалку петмина загинати и десет ранети во нападот во луксузен хотел во Могадишу

 Најмалку пет луѓе загинаа и 10 се ранети во нападот во луксузен хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полициски извори, се уште се водат рпестрелки со напаѓачите кои држат заложници.

Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.

Во новоизградениот хотел „Елит“, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија.

Тој напад го прекина повеќемесечното примирје.

Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу. зш/

Back to top button
Close