Најмалку седуммина повредени и 130 упасени во тепачка на навивачи во Белград

На просторот на Бетон хала во Белград, во подножјето на Калемегдан, крај реката Сава, за време на прославата на 32-та шампионска титула на ФК Црвена Звезда, синоќа дојде до општа тепачка меѓу навивачите на клубот и симпатизерите на Партизан, јави дописникот на МИА од Белград.

Повеќе од 130 лица, главно навивачи на Црвена Звезда, се уапсени по тепачката, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој дојде на местото на настанот.

-Повеќе од 130 прекршители се приведени. Сопственоста и заштитата на секој граѓанин и гостин на Белград се гарантира. Ова повеќе нема да се повтори. Ова се ѓубрињата што го обесчестија нашиот град, ова се ѓубрињата кои ја обесчестија прославата и Црвена Звезда, изјави Вулин за РТС.

Како што соопштија од Првото основно обвинителство, вкупно 109 лица се процесуирана за немирите, а за 10 од нив е одреден притвор до 48 часа, додека останатите се изведени пред судија за прекршоци, јавија српските медиуми.

Немирите се случија за време на прославата на титулата на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кога навивачите се судрија со обезбедувањето на локалите, кои беа припадници на Партизан.

Според медиумите нападнати се полицајци во цивилна облека, кои биле на лице место, а некои од навивачите на Звезда сметале дека тоа се навивачи на Партизан. Кога се легитимирале дека се полицајци, навивачите почнаа да ги тепаат уште повеќе.

На потегот кон Калемегдан, направена е поголема материјална штета. Специјалните единици со џипови, заштитени со панцирни одела го обезбедуваа тој простор.

Хулиганите кршеа инвентар, а уплашените гости се криеја во рестораните.

Според извештаите во медиумите, баровите „Лафајет“ и „Темперамент“, каде започнала тепачката, биле целосно демолирани.

Брзата помош испратила екипи на местото на тепачката и седум лица биле пренесени со повреди.

Back to top button
Close