На масовна цеременија во Техеран погребани 60 жртви на израелските напади
Утринава во Техеран се одржа масован погребна церемонија на 60 лица убиени во неодамнешните израелски напади врз Иран, на кој присуствуваа илјадници граѓани, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, војници, студенти и владини претставници.
Свечената погребна поворка се движеше од плоштадот Енгелаб пред Универзитетот во Техеран до плоштадот Азади, објави ИРНА.
Официјални лица потврдија дека меѓу жртвите има неколку воени команданти, научници и цивили, вклучувајќи четири деца и четири жени.
Церемонијата се одржа на вториот ден од светиот месец Мухарам.
Собраните граѓани носеа црна облека во знак на жалост и извикуваа слогани за поддршка на Исламската Република и нејзините воени лидери.
По должината на рутата на погребната поворка беа истакнати транспаренти со имињата на загинатите, вклучувајќи го генералот Хаџизаде и нуклеарните експерти.
Според ИРНА, на погребот присуствуваа борци и ветерани од иранските вооружени сили.
Многу граѓани ставаат лични предмети врз телата на мртвите како знак на почит и верба во жртвата што ја дале „за Иран, револуцијата и системот“.
Иран соопшти дека во серијата напади што ги извед Израел загинале вкупно 600 лица низ целата земја, вклучувајќи 12 членови на едно семејство кои, според иранските власти, биле убиени во еден од нападите.