На маж во Косово му е oтстранет мобилен телефон од стомак – со денови му бил во утробата

Во Клиничкиот центар во Приштина, на 33-годишен маж му бил отстранет мобилниот телефон од стомакот, без употреба на нож. Ова го објави д -р Скендер Телаку, наведувајќи дека операцијата е извршена ендоскопски, пренесува Коха.

Тој објасни дека човекот имал телефон Нокиа во стомакот четири дена, без да наведе како тој влегол во стомакот.

 

– Постапката беше извршена ендоскопски, без сечење на стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела – рече Телаку

Back to top button
Close