На местото на Панорамското тркало од денеска има пешачки мост – Шилегов прогласи победа над лажното барокно минато

Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти, вели градоначалникот на Скопје

На местото каде бешше планирано Панрамското тркало, дел од проектот Скопје 2014, од денес има пешачки мост.

„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“,

рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година.

Back to top button
Close