На министерот Алити од Алтернатива не му се слуша за Алијанса. Шпекулции биле дека АА ќе влезе во владата

Нема такви разговори во Владата, сè тече нормално исто како што беше и во јануари кога владиното мнозинство имаше 64 пратеници. Исто е и денеска. Сè друго се шпекулации со кои не сакаме да се занимаваме, вели министерот за информатичко општество

Министерот за информатичко општество Адмирим Алити, кој е од редовите на Алтернатива, вели дека нема никакви разговори во Владата за зголемување на парламентарното мнозинство.

„Нема такви разговори во Владата, се тече нормално исто како што беше и во јануари кога владиното мнозинство имаше 64 пратеници. Исто е и денеска. Се друго се шпекулации со кои не сакаме да се занимаваме“,рече Алити одговарајќи на новинарско прашање дали за Алтернатива е прифатлив влезот на Алијанса за Албанците во Владата.

Алити, како шпекулации ги отфрли и информациите дека токму неговото министерство е посочено дека ќе биде жртвувано за да се зголеми парламентарното мнозинство.

Сите овие вести сега-засега се шпекулации и ниту јас ниту моето министерство се занимаваме со тоа. Ако треба после еден месец да има нов министер, јас и МИОА и во последните денови ќе работиме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат односно да одиме напред“,одговори Алити.

Информациите дека се преговара за влез на Алијанса за Албанците во Владата дојдоа минатиот месец кога премиерот Димитар Ковачевски го повика на средба в.д. лидерот на АА, Арбен Таравари. По средбата и Ковачевски и Таравари излегоа со исти одговори дека за проширување на парламентарното мнозинство не разговарале на средбата. В.д. претседателот на Алијанса за Албанците рече дека и да добијат понуда за влез во Владата сепак партијата нема да ги помине своите црвени линии.

Back to top button
Close