Најмногу дожд во Маврови Анови

– Најниска температура од 1 степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Берово, Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе со 4 степени, 6 Претор, 7 Крива Паланка, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Демир Капија, Кавадарци, Струмица, 10 Велес и 11 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Според количината на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот утрово од 30 литри на метар квадратен се регистрирани во Маврови Анови, потоа 24 л/м2 во Демир Капија, 20 Битола, Крушево, 18 Гевгелија, 14 Кавадарци, 12 Пожаране, 10 Скопје-Петровец, Претор, Велес, 9 Лазарополе, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, 6 Тополчани, 5 Пожар-Радовиш, 3 Берово, 2 Охрид, Штип, Струмица и 1 л/м2 во Виница и Ѓуриште.
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, попладне врнежите ќе престанат а облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.
Во Скопје, облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.






