Најмногу дожд во Скопје, утре преодно стабилизирање на времето

 Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Скопје. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на мерната станица Зајчев Рид се измерени 11 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Тетово со шест литри на метар квадратен, Куманово и Берово со четири и Охрид, Битола, Виница и Дебар со по еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре најавуваат стабилизирање на времето со умерен до засилен северен ветер, а веќе од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела.

Back to top button
Close