На ниту една држава не и треба слаба опозиција“ – После 24 години активно членство, Петровска поднесе кандидатура за лидер на СДСМ!
Славјанка Петровска денеска, по 24 години активно членство во СДСМ, се кандидираше за лидер на партијата.
Како што вели, заедно со пријавата, го поднела и манифестот за социјалдемократијата.
„Тоа е мојата програма во која се осврнувам на тоа што треба да бидат итни приоритети на новото раководство на СДСМ по големиот пораз кој што го доживеавме на овие избори. Иако СДСМ во минатото доживувал порази, но и победи, овој пат ситуацијата е навистина специфична имајќи ги во предвид и политичките околности во државата. На ниту една држава, особено на Северна Македонија, не и треба слаба опозиција или никаква опозиција“, порача Петровска
Фото: тв21