НАЈНОВА ВЕСТ: Пред малку е уапсен висок функционер од претходната Влада
![]()
Вечерва е уапсен поранешниот државен правобранител во Македонија, Фехми Стафа. Неофицијално, Стафа е осомничен за поткуп од неколку десетици илјади евра.
Името на Фехми Стафа во минатото се споменуваше кога исплаќаше хонорари на презентерката Бесмира Ејупи која се споменуваше како можна конзулка на Македонија во странство.
Името на Стафа беше поврзувано и со скандалот за имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
Стафа на функцијата дојде како предлог на Алтернатива, а се поврзуваше и со ДУИ. Против Стафа, имаше и низа пријави во Финансиската полиција.
Извор: newz24live.com






