На подрачјето на СВР Велес 41 прекршок за неносење на заштитна маска

 За 24 часа на подрачјето на СВР Велес констатирани се 41 прекршок по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од Ковид 19. Како што информираат од СВР Велес 25 прекршоци се констатирани во Велес, 11 во Кавадарци и 5 во Неготино.

Според Димитар Каракулев од СВР Велес, против прекршителите ќе бидат поднесени санкции. Тој апелира до граѓаните да го почитуваат законот и така ќе го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани.

Back to top button
Close