На подрачјето на СВР Велес констатирани 4764 прекршоци откако е донесена Уредбата за носење лична заштита
– На подрачјето на СВР Велес биле регистрирани 4.764 прекршоци откако е донесена Уредбата за носење лична заштита, а опоменати 17 лица, информира Димитар Каракулев од СВР Велес.
Во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Велес констатирани биле 21 прекршок по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од Ковид – 19 и тоа: девет прекршоци во Велес, исто толку во Кавадарци и три прекршоци во Неготино.