На поранешниот амбасадор на Ватикан во Франција ќе му се суди за сексуални напади

 На поранешниот амбасадот на Ватикан во Париз, Луиџи Вентура, на 10 ноември ќе му се суди во Париз за сексуален напад, за што е обвинет од  четворица мажи. Тој не го признава делото, јави дописникот на МИА.

По пријавата од четворицата мажи, од кои тројца го обвинуваат за сексуален напад, поранешниот амбасадор на Ватикан во јули 2019 остана без дипломатски имунитет, што го отвори патот аферата да добие судска постапка.

По истрагата, обвинителството на Париз испрати покана до кардиналот (75) да се појави пред Кривичниот суд во Париз. Според неговиот адвокат Бертран Оливие, „тој го чека рочиштето за да ја одбрани својата чест и невиност“.

Аферата се појави во февруари 2019 во контекст на веќе постојните сексуални скандали во Католичката црква. Градот Париз му сигнализира на обвинителството дека еден млад општински кадар се пожалил на амбасадорот на Ватикан, кој наводно му го допирал задникот за време на свеченоста за дипломатскиот кор за новогодишните празници. Потоа уште тројца други мажи поднесоа пријави за слични дела. Осомничениот се појавил во 2019 година на соочувања со лицата кои го обвинуваат.

Луи Вентура беше амбасадор на Ватикан во Париз од 2009 година. Во декември, папата Франциск ја прифати неговата оставка поради старосната граница.

Back to top button
Close