На предвременото гласање во Џорџија излегле над еден милион гласачи

 

 Повеќе од еден милион гласачи во Џорџија гласале предвремено на среднорочните избори за во Конгресот на САД и за избор на гувернер, рекордно споредбено со претходните изборни циклуси.

Излезноста е висока и во другите држави каде моментално се одвива гласањето. 

Според Вашингтон пост, бројот на предвремено уфрлени гласови во Џорџија е многу поголем од последните среднорочни избри во 2018 година и сличен на претседателските. 

Во САД, предвременото или рано гласање е дозволено за секој кој ќе се пријави да гласа предвремено. Според весникот, мнозинство од ливчињата се уфрлени лично во отворените гласачки места низ државата минатата недела. Барањата за гласање преку пошта годинава се многу помалку од претходнуте изборни циклузи. 

Според анализа на весникот, излезноста на раното гласање и во другите држави е многу поголема споредено со 2018 година. Има наплив од гласачи од женскиот пол, афроамерикански гласачи и оние на возраст од над 50 години. 

Во некои држави, раното гласање сеуште трае.  

Во Вирџинија излегле да гласаат 411.000 лица, надминувајќи го бројот на рани гласачи во 2018 година.  

Заклучно понеделник, во Северна Каролина гласале 530.000 луѓе, а во Тексас 550.000, и во двете држави помалку од изборите во во 2018 година.  

И демократските и републиканските политичари во Џорџија побараа нивните гласачи масовно да излезат на рано гласање.  

Зе републиканците, излезноста е доказ за неоснованоста на обвинувањето на демократите дека тие обесхрабруваат некои групи гласачи од гласање.

Back to top button
Close