На преминот „Блато“ спречен шверц на десетици дози кокаин

Албанската полиција на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница, спречила шверц на повеќе дози кокаин, кои жител на Пешкопеа се обидел да ги прошверцува на територијата на државава.

– Лицето Рами Чела (59), е уапсен на преминот Блато, на границата со Северна Македонија, во рамки на полициската акција „Граница“, како продолжение на мега-операцијата „Храм“ (Темпули). Полицијата го набљудуваше Чела, за кого имаше основи на сомненија дека врши дистрибуција на кокаин во близина на училишта и други објекти во Пешкопеа, стои во полициското соопштение.

Во моментот кога возилото со кое управувал Чела, пристигнало на преминот оперативните служби заедно со службите на граничната полиција извршиле детална контрола, при што пронашле скриени десетици дози кокаин.

При претрес во неговиот стан, полицијата пронашла и запленила седум пакувања наркотична дрога кокаин, вкупно околу 710 грама, кои како материјални докази се одземени заедно со поголем износ парични средства, два мобилни уреди, електронска вага и возилото тип „Шарон

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close