На протестите пред Собранието приведени пет лица

Полицијата приведе пет лица поради фрлање тврди предмети кон Парламентот за време на денешниот протест против францускиот предлог.

– Денеска (14.07.2022) до 16.30 часот приведени се пет лица кои денеска фрлале со тврди предмети кон објектот на Парламентот на Република Северна Македонија. Приведени се С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од село Долно Коњари, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи од каде дополнуваат дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На денешниот протест учесниците се појавија со транспарентите „Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон Собранието.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close