На протестите во Белорусија уапсени 442 лица

 Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на вчерашните протести во земјата биле уапсени 442 лица за кршење на законот, од кои 266 во Минск.

Во соопштението се наведува дека 330 лица биле во притвор пред судското рочиште за прекршочна постапка.

Протестите во Белорусија избија по претседателските избори на 9 август, на кои актуелниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, според официјалните податоци.

Опозицијата тврди дека изборите биле нерегуларни и бара оставка од Лукашенко.

Илјадници луѓе се уапсени низ целата земја досега за време на демонстрациите.

Back to top button
Close