На протестите во Етиопија убиени најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица се убиени во јужниот дел на Етиопија за време на протестите кои уследија по апсењето на локални функционери, а меѓу жртвите има и деца,  потврди денеска етиопската Комисија за човекови права.

Комисијата изрази „длабока загриженост поради постојаното насилство и употребата на прекумерна сила“ против демонстрантите.

Локалните активисти рекоа дека веруваат дека бројот на загинатите е уште поголем, односно се убиени најмалку 34 лица и повеќе од 100 повредени.

Станува збор за последниот во серијата немири во врска со политичките реформи на премиерот Аби Ахмед, бидејќи различните заедници бараат поголема автономија во земја со повеќе од 80 етнички групи. /

Back to top button
Close