На протестот во Дебар, организаторите се дистанцираа од инцидентите во Тетово

На денешниот протестен марш што се одржа во Дебар под мотото,, ДОСТА Е ,, против новата цена на електричната енергија , организаторите се дистанцираа и го осудија инцидентот со палењето на двете возила на ЕВН во Тетоово, и притоа уште еднашп побараа одлуката за новата цена на електричната енергија веднаш да се укине од страна на надлежните институции.

Во име на организаторите се обрати Ардит Фетаху кој нагласи дека дебарчани бараат да се стопира одлуката за поијкачување на електричната енергија бидејки тоа директно е вперено на и така влошениот сдтандард на населението но исто така одлуката се носи во време на пандемија што секако дека не е во ред. Фетаху додаде дека за покрај стопирањето на одлуката за повисока цена , се бара и разрешување на регулаторната комисија и формирање на нова комисија во која нема да има влијание политиката бизнисот ниту други интереси .

На протестиот маш кој започна во близина на објектот на локалната самоуправа на општината Дебар и заврши пред седиштето на 3единицата на ЕВН во Дебар , Фетаху нагласи дека од протестот во Дебар се информира јавноста дека ги осудува и се дистанцира од инцидцентите што се случија синоика во Тетово вои кои изгореа две возила на ЕВН . ,,Не бараме јасно и гласно стопирање на одлуката за нова цена на електричната енергија .

Повекето протестанти потоа залепија пораки на објектот на ЕВН на кои покрај другото стоеја пораките : ЕВН криминалци, Доста е , стоп за новата цена на електричната енергија и тн. Протестот што го организираше групата на навивачи ,,Соколат,, на фудбалскиот клуб ,,Кораби,, од Дебар ,заврши мирно .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close