На првата седница на техничката Влада присутен еден од двајцата министри на ВМРО-ДПМНЕ

На првата седница на техничката Влада со која денеска претседаваше новиот премиер Талат Џафери се појави само еден од двајцата министри што ВМРО-ДПМНЕ ги има во овој владин состав.

Меѓу колегите беше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а го немаше министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Наместо Велковски, како претставник од ресорот што тој го води, присуствувал заменик-министерот за труд и социјална политика – Енвер Хусејин.

Во изјава за „Слободен печат“ Велковски изјавил дека не се работи за бојкот на работата на првата владина седница, туку дека на неа не се појавил поради веќе закажана активност во Куманово.

„Доцна ја добив поканата за конститутивната седница на Владата и бидејќи веќе имав договорена средба во Куманово не можев да стасам на седницата. Во Куманово, на социјално загрозено семејство беше договорено да му дадеме социјален пакет. На работниот дел од владината седница не отидов бидејќи на дневен ред немаше точки од ресорот труд и социјала, но на седницата присуствуваше заменик-министерот Енвер Хусеин“ – изјавил Велковски.

Back to top button
Close