На седница на Уставен барањето за слободи и права од новинарката Душица Мрѓа за настаните од 27 април 2017

Од Уставниот суд информираа дека на денешната седница на дневен ред се предметите со кои се оспорени Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, како и барањето за слободи и права од страна на новинарката Душица Мрѓа, за настаните од 27 април 2017 година.

Подносителка на барањето Душица Мрѓа, како што се наведува меѓу другото во соопштението од Уставениот суд, смета дека двата суда и го повредиле правото на слобода на изразување пропуштајќи ја можноста во пресудите да утврдат дека како новинарка на 27 април 2017 година државата прво не ја гарантирала нејзината безбедност при извршување на работните задачи во Собранието на Република Северна Македонија и била оневозможена да известува слободно за настаните кои се одвивале таму.

– За подносителката е спорно што во пресудата Апелациониот суд прифатил дека не била доведена во прашање слободата на изразување за настаните, бидејќи таа слобода ја реализирала во дебатни емисии во наредните денови, но не е разјаснето дали таа имала можност да ја реалзира слободата критичниот ден. Во барањето се спори наведеното од пресудите а тоа е дека нема повреда на правото на слободата на изразување бидејќи терористички акти се забранети на секое место во државата, вклучително и Собранието, па така можело да се случи и на улица или било каде, а државата е должна да се справи со истите и пред се да ги заштити граѓаните од смрт, повредување и оштетување или уништување на имот и фактот што во Собранието влегле лица кои не требало да се таму, според судот не ги дерогира законите, ниту значи дека на тужителката и било оневозможено слободното изразување, се вели во соопштението од Уставениот суд.

Back to top button
Close