На седница на Владата информација за Преспанското Езеро и закони од животната средина
На 32. седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се утврдуваат текстовите на повеќе предлог закони, за управување со отпадот, за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за управување со пакување и отпад од пакување, и за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.
Владата треба да се произнесе и по Предлог – годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност надвор од територијата на Република Северна Македонија во 2020 година.
Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата со извештај за преземени активности предвидени во Националната стратегија за развој на концептот за eдно општество и интеркултурализмот и Акцискиот план за спроведување за 2020-2022 година.
За заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, најави владината прес-служба.