На Шапка има 65 сантиметри снег  

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврово каде што се измерени -16 степени, во Берово и Крушево -12, Крива Паланка -10, во Охрид о Прилеп – 9, Битола -8, Тетово, Штип и Виница -7, во Скопје, Демир Капија и Струмица -6, Дојран -3 и во Гевгелија -2 степена.

УХМР информира и дека на Попова Шапка има 65 сантиметри снег, во Крушево 63, а во Маврово снежната покривка е 51 сантиметра.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Back to top button
Close