На скопските улици од утре и приватните превозници

За да се намали хаосот во градскиот сообраќај, приватните превозници утре се враќаат на скопските улици. Најавија дека ваквиот чин ќе биде привремен, додека имаат на располагање финансиски средства, се со цел да помогнат граѓаните да не чекаат со часови по станиците на минусни температури.

Ќе возат во текот на целиот ден, а не само попладне како што беше подолг период

Приватните превозници бараат состанок во проширена форма со градските власти и Владата. Се бара покачување на цената по километар и раст на платите согласно растот на трошоците за живот оти вака не можат да опстојат. Бараат да бидат плаќани преку градот, а не преку ЈСП.

Владата на вонредна седница одобри 250 илјади литри нафта од државните резерви за ЈСП како привремено решение по колапсот на јавниот сообраќаен превоз во средата и четвртокот кога на улиците имаше само 25 автобуси. Нафтата е само за седум дена.

Back to top button
Close