На состанок на Комисијата за заразни болести разговарано за отворање на градинките, МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети

Министерството за труд и социјална политика и Општините да изнајдат решение за просторните капацитети на градинките, е препораката од состанокот на Комисијата за заразни болести и претставниците на МТСП.

Од Министерството за здравство информираат за МИА, дека на состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

– Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести, соопштија од Министерството за здравство.

Back to top button
Close